Skip to content
Skip to service links: contact, tools, help, the group
Skip to search
Skip to main navigation
Skip to sub navigation
Skip to Footer with links to masthead, print, email a friend and disclaimer
 

Опис на компанијата

Структурата на компанијата, историјата и клучните настани кои ја оформија денешната DHL.

DHL е дел од светската водечка логистичка групација, Deutsche Post DHL

DHL нуди интегрирани услуги и решенија кои се направени според потребите на клиентите за раководење и транспортирање на писма, стоки и информации.

DHL: четири сектори-еден заштитен знак-еден добавувач-сите Ваши решенија

DHL се состои од четири сектори. Овие сегменти работат под контрола на нивните одделни штабови. Корпоративниот центар ги врши функциите на ниво на раководење со Групацијата.

Ги централизиравме внатрешните служби кои ја опслужуваат целата Групација, вклучувајќи ги финансиското работење, ИТ и набавките. Ова консолидирање ни овозможува да ја зголемиме флексибилноста, да го подобриме квалитетот на услугите, да ги зголемиме придобивките од економијата од големина и истовремено да ги контролираме трошоците.

Main Headline

Основанa во Сан Францискo пред повеќе од 40 години од трoјца млaди претприемaчи – Aдриaн Дaлси, Лaри Хилблoм и Рoбeрт Лин – DHL продолжува да сe проширува со феноменалнa брзина. Денес зазема врвно место како глобален лидер на пазарот за меѓународната шпедитерска и логистичка индустрија.

Во 1969 година, DHL го презема првиот мал чекор кон градење на иднината со лично испраќање на документи по авион од Сан Франциско до Хонолулу. Со текот на времето, мрежата на DHL растеше, постепено допирајќи до нови клиенти во секој дел на светот. Истовремено, пазарот се разви и се усложни, според кој компанијата се прилагоди за да ги задоволи менливите потреби на клиентите, како на глобално така и на локално ниво.

Денес, меѓународната мрежа на DHL поврзува повеќе од 220 земји и територии во светот. Исто така, DHL нуди врвна стручност во експресниот, воздушниот, океанскиот транспорт, копнениот транспорт, решенија за договорна логистика како и за меѓународни поштенски услуги.

Од 1969 година до денес, приодот и посветеноста на DHL останаа непроменети. Нашиот успех отсекогаш се должел на давањето на извонредни услуги на нашите клиенти. Постојано стремејќи се кон подобрување, DHL стана препознатлив бренд за лична обврзаност, проактивни решенија и локална сила. Во срцето на успехот на DHL се нашите вработени кои добро познавајќи ги потребите на клиентите им пружаат идивидуално прилагодени решенија.

DHL е бренд на Deutsche Post DHL. Во 2010 година Групацијата оствари приход од 51 милијарди евра.

Чекори кон успехот

1969
  • DHL е основана од страна на Adrian Dalsey, Larry Hillblom и Robert Lynn во Сан Франциско.