Skip to content
Skip to service links: contact, tools, help, the group
Skip to search
Skip to main navigation
Skip to sub navigation
Skip to Footer with links to masthead, print, email a friend and disclaimer
 

Еколошки решенија

Videos
false false

GoGreen програма

Close

GoGreen програма

GoGreen програма

/content/dam/Local_Images/g0/New_aboutus/green_solution/GreenSolutions/204x99_video_image/video_gogreen_204x99.jpg /jcr:content/renditions/cq5dam.thumbnail.140.100.png /jcr:content/renditions/cq5dam.thumbnail.140.100.png
Links Info

Пресврстници во заштит. на климата.

2001: Deutsche Post DHL Group поставува заеднички еколошки тим како признание на зголемената важност на еколошките проблеми.
2002: ДХЛ Шведска го промовира “Grøna Ton” (Еколошка тонажа), нашата прва услуга за транспорт со додадена вредност со цел промовирање на обновливи горива.
2005: ДХЛ пакети Германија го спроведува нивниот “Grüne Paket” (“Еколошки пакет”), услуга за испраќање на пакет со неутрализиран јаглерод.
2006: Услугите за пратки со неутрализиран јаглерод станаа достапни за клиентите на ДХЛ Експрес во неколку европски држави.
2007: Услугата за пратка со неутрализиран јаглерод е поставена за клиенти за продажба на мало и бизнис клиенти на поштата во Германија.
2008: Со GOGREEN, ДПДХЛ е првиот логистички провајдер кој ја остварил целта за 2020 год. за намалување на производството на CO2 до 30%.
2008: Синџир. на снабдув.го има првото склад. за неутрализир. на CO2 во Обединетото Кралство инсталирајќи пумпи за извор на земјена топл. и ел. осветлув.
2009: Deutsche Post DHL Group пренесува повеќе од 700 милиони GOGREEN производи, неутрализирајќи 38.600 тони јаглерод диоксид со проектите за заштита на климата.
2010: Бројот на годишни GOGREEN пратки се искачува до1,7 милијарди.
2010: Услугата GOGREEN исто така е достапна за клиентите на ДХЛ глобално пренесување ширум светот.
2010: ДХЛ трансп. започна со понуда на извештаи за CO2 во одредени региони. Според овие извештаи клиентите можат да ги неутрализ. емисиите.
2011: ДХЛ глобален транспорт воведува контролна табла за јаглерод, која е онлајн алатка за известув. за да им ги покаже на клиентите емисиите на CO2.
2011: ДХЛ пакет Германија сега ги пренесува сите пакети со неутрализиран јаглерод на приватните клиенти без доплата.
2011: За да се здобијат со сертификати за неутрализирање на емисии, Deutsche Post DHL Group го започнува својот проект за заштита на климата во Лесото.
2012: Услугите за пратки со неутрализирани штетни гасови сега им се достапни на клиентите на ДХЛ Експрес во околу 60 земји во светот.
2012: ДХЛ Експрес спроведува услуги за известув. верифицирани во странство: Клиентите можат да го следат произв. на јаглерод диоксид на нивните пратки.
Оптимирани транспортни патишта, алтернативни возила и енергетски ефикасни магацини: постојат многу начини за намалување на емисиите на CO2 кои се штетни за климата, како и на другите влијанија врз животната средина кои доаѓаат од транспортот и од складирањето на стоките.

Сакаме да го искористиме тој потенцијал при работењето со нашите клиенти. Ние во DHL тоа го нарекуваме GOGREEN. Веруваме дека заштитата на животната средина и деловниот успех се не само едно со друго компатибилни, туку и се силно испреплетени.

GOGREEN производи и услуги

Со нашата експертиза и глобалното присуство, на нашите деловни партнери можеме да им понудиме широко портфолио со зелени производи и услуги. Со изготвување на деталните Carbon ReportsExternal Link / New Window*, им покажуваме на кое ниво се наоѓаме во однос на емисиите на стакленичките гасовите. Иако емисиите на CO2 имаат најголемо влијание од логистиката врз климатските промени, ние исто така во извештаите ги опфаќаме и другите стакленички гасови како што се метанот или азот оксидот. И во согласност со меѓународно признаениот, меѓусекторскиот стандард „Greenhouse Gas Product Lifecycle Accounting and Reporting” исто така ги земаме предвид и индиректните емисии кои потекнуваат од производството и транспортот на гориво и енергија.
Преку нашите услуги од Green OptimizationExternal Link / New Window* соработуваме со клиентите за да ги утврдиме областите за подобрување и начините на кои ќе постигнеме намалување на емисиите на стакленички гасови. Вршиме анализи на целиот логистички ланец на нашиот клиент и работиме заедно за да ги оптимираме трговските патишта и начините на транспорт. Дополнително на тоа, на клиентот му предлагаме начини за подобрување на целокупните еколошки перформанси.
А како компензација за неизбежните емисии ги нудиме услугите Climate NeutralExternal Link / New Window*. Преку учеството во доброволната програма за трговија со емисии, ние купуваме јалерод диоксидни кредити од одбрани проекти, редуцирајќи ги емисиите и правејќи добро за локалните заедници. Од јануари 2014. година не само што го намаливме CO2, туку и другите стакленички гасови како што се метанот или азот оксидот, со што GOGREEN од неутрален за јаглеродниот диоксид стана неутрален за климата. Врз основа на новиот Протокол за стакленички гасови за производите, ние исто така можеме да ги вклучиме и индиректните емисии од производството и транспортот на горива и енергија.

* Ве информираме дека овие линкови се пренасочуваат кон нашиот глобален сајт кој е достапен само на англиски јазик.