Skip to content
Skip to service links: contact, tools, help, the group
Skip to search
Skip to main navigation
Skip to sub navigation
Skip to Footer with links to masthead, print, email a friend and disclaimer
 

Одделот Синџир на Достава

За пазарните гиганти, во повеќе од 50 земји, моделираме и применуваме посебно прилагоден синџир на достава како и корпоративно-информативни решенија.
„Нашите соработници допринесуваат со планетарна визија, проникливост на пазарот и дисциплина при доставувањето на синџирни решенија за светските водечки компании. Знаењето од областа на договорната логистичка експертиза, како и знаењето за пошироката индустрија, преку посебно дизајнирани решенија, складирање, целосна реализација и транспортна услуга, им овозможуваат на компаниите да бидат попродуктивни, поефикасни и конкурентни на пазарот.
Потребите на нашиот клиент односно потребите на неговиот бизнис, се она на кое ние се фокусираме - од првичната анализа на ситуацијата до продолжени програми за развој кои секој ден даваат се подобри резултати.“


Bruce Edwards, CEO SUPPLY CHAIN
Како најголем светски експерт за договорна логистика, ДХЛ Синџирот на достава, се залага за:
  • Одржување на константно - конкурентна предност на нашите клиенти, доставувајќи ги нивните производи до пазарот, побрзо и поефикасно
    Без разлика дали станува збор за мала, средна или голема компанија, нашите клиенти можат да и веруваат на нашата проникливост како на локален така и на глобален план, при поминувањето на пратката низ секој аспект од синџирот за достава
  • Понудување палета на индустриско-специфични решенија низ синџирот за достава
    Од планирање, производство, складирање, конфигурација и достава до после-продажба, нашите клиенти можат да се потпрат на тоа дека ќе им овозможиме цврсти и јасни решенија за било која индустрија, во било која средина, какви и да се нејзините услови и побарувања.
  • Користење на нашата експертиза за индустријата и синџирот на достава, за да ги претвариме комплицираните барања на клиентите, во флексибилни решенија кои директно одговараат на предизвиците на клиентот
    Разбирајќи ги нивните проблеми и предвидувајќи ги нивните логистички потреби во средина која е подложна на промени, нашите клиенти можат да им веруваат на квалитетот и екперизата на нашите глобални, регионални и локални тимови.
  • Константно совршени операции
    Нашите клиенти можат имаат целосна доверба во решенијата кои, преку нашето залагање за иновации и нашиот дисциплиниран пристап кон мерење на изведбата, осигурување на квалитетот, раководење со проекти, раководење со животната средина и процесно подобрување, напорно се залагаат за нивниот успешен бизнис.

DHL Supply Chain Worldwide (2010)

Вработени:Приближно 120,000
Земји и територии:повеќе од 60
Терминали, магацини, канцеларии:2,400
Магацински простор м/2:23,000,000