Skip to content
Skip to service links: contact, tools, help, the group
Skip to search
Skip to main navigation
Skip to sub navigation
Skip to Footer with links to masthead, print, email a friend and disclaimer
 

Корпоративна одговорност во DHL

Корпоративната одговорност е главен елемент на нашата корпоративна стратегија. Тоа што постапуваме одговорно како компанија значи дека ги третираме нашите вработени, животната средина, интересите на општеството и капиталот што нам ни е доверен на начин кој покажува почитување и одржливост. Само така можеме да бидеме долгорочно успешни.

Нашиот пристап за корпоративна одговорност

Влијание со позитивни ефекти – глобално и локално

Deutsche Post DHL е посветена на остварување трајни и позитивни промени во светот користејќи го своето знаење и глобално присуство на начини кои им користат на луѓето и на животната средина. Фокусирани сме врз три стратешки области на инволвираност – GoGreen, GoHelp и GoTeach – за да ја исполниме нашата одговорност. Секогаш ги охрабруваме нашите вработени доброволно да учествуваат во корпоративни или локални проекти.
Видеото е достапно само на англиски јазик.
 

GoGreen: Заштита на животната средина

DHL Article
  • Оптимирање на CO2 -ефикасноста на нашата мрежа, флота и згради
  • Тестирање и воведување на технологии со алтернативни погони и обновливи енергии
  • На нашите клиенти им помагаме да ги редуцираат нивните јаглеродни емисии нудејќи зелени решенија
 

GoHelp: Испорака на помош

DHL Article
  • Партнерство со Обединетите Нации за да им се помогне на луѓето на кои им е потребна помош
  • Пружање на бесплатна помош во аеродромската логистика со нашите Тимови за акција во катастрофи („Disaster Response Teams”)
  • Пружање локални обуки за луѓето подобро да ги подготват аеродромите за природни катастрофи во рамки на програмата GARD („Get Airports Ready for Disaster”)
 

GoTeach: Поборници за образование

DHL Article
  • Партнерство со Teach First Deutschland и Teach For All за да им се овозможи пристап до образованието на социјално непривилегираните деца
  • Партнерство со СОС детските села во повеќе земји како поддршка на развојот на младите луѓе за да стекнат подобри шанси во животот
  • Стипендиска програма UPstairs за децата на вработените
 

Локална инволвираност

При спроведувањето на овие три програми можеме да сметаме на доброволното залагање, специјалните способности и ентузијазмот на нашите вработени во целиот свет.