Skip to content
Skip to service links: contact, tools, help, the group
Skip to search
Skip to main navigation
Skip to sub navigation
Skip to Footer with links to masthead, print, email a friend and disclaimer
 

Вашата шанса да направите нешто поинакво и значајно

Дали барате предизвик кој е нешто повеќе од работно место? Добредојдовте во DHL! Ние ви даваме шанса да направите нешто поинакво и значајно.

DHL на апсолвентите и почетниците во кариерата им пружа разновидни можности да се вклучат во возбудливи проекти, да совладаат покомплексни предизвици и да превземат одговорности – вистински начин за старт на вашата кариера.

Нашите апсолвентски програми оптимално ве подготвуваат за овие предизвици – и за вашата идна кариера.
На глобално ниво, DHL нуди различни апсолвентски програми:

Како дел од вашиот професионален развој, ние ви нудиме широк спектар на курсеви & програми за континуирана едукација коишто ќе ве обучат со вештини и знаења неопходни за да го осигураат вашиот успех во вашата работна средина.
Тука се офатени можности за обука за различни стручни и оперативни знаења & вештини, лидерство, вештини за социјална компетенција и техники на менаџмент на mylearningworld.net, нашиот онлајн едукативен портал.
Исто така го спроведуваме нашиот систем за менаџмент на постигнувањата. Преку него се осигурува рано препознавање на потенцијалот на нашите вработени. Нам тоа ни овозможува да го потпомогнеме вашиот развој за во иднина.

Растете со нас!

Сеедно дали сте апсолвент кој сака директно да ја стартува кариерата или некој кој веќе има некакво професионално искуство – најдете ја вистинската можност за вас преку нашата Страна со работни места или учествувајте во некоја од нашите програми.