Skip to content
Skip to service links: contact, tools, help, the group
Skip to search
Skip to main navigation
Skip to sub navigation
Skip to Footer with links to masthead, print, email a friend and disclaimer
 

Придружете ни се и бидете дел од одличен тим

Вие ни помагате да ги оптимираме нашите услуги – а ние ви пружаме поддршка со унапредување на вашиот професионален развој.

DHL ги задоволува своите корисници со тоа што нуди широк спектар на квалитетни услуги. Ние ги задоволуваме нашите вработени со тоа што им пружаме мноштво возбудливи можности за кариерата.

Како дел од DHL, може да играте важна улога во пружањето на квалитетни услуги и решенија за нашите корисници. Ние нудиме поголем број на можности кои се предизвикувачки во различни функции и аспекти од нашиот бизнис.

Би можеле да работите на различни возбудливи позиции во нашето секојдневно оперативно работење и сервисите за поддршка, како што се морските пристаништа или аеродроми, магацините или сервисните центри, нашите канцеларии или патиштата.

Како дел од вашиот професионален развој, нашата заложба е да ви пружиме поддршка за подобрување на вашите вештини и проширување на вашата експертиза.

Низ разновидни локални обуки како и на mylearningworld.net, нашиот онлајн едукативен портал, ние нудиме широк спектар на можности за континуирана едукација, обука и развој.

Исто така обезбедуваме и обука на самото работно место, важна за да стекнете вештини, знаења и сертифицирање за да ви помогнат подобро да одговорите на барањата на вашите работните задачи.
Некои од разните можности за обука и развој опфаќаат:
  • Разни релевантни обуки за оперативни знаења & вештини
  • Обука за здравје & безбедност
  • Обука и курсеви за лидерство
  • Јазични курсеви
  • Обука за вештините за социјална компетенција
  • Основни техники на менаџмент

Усовршувајте се со нас!

Дали би сакале да бидете дел од DHL? Тогаш придружете му се на нашиот тим! Ние нудиме можности за експерти за оперативно работење & поддршка во многу функционални области ширум светот.
Најдете ја вистинската можност за вас преку нашата Страна со работни места или учествувајте во некоја од нашите програми.