Skip to content
Skip to service links: contact, tools, help, the group
Skip to search
Skip to main navigation
Skip to sub navigation
Skip to Footer with links to masthead, print, email a friend and disclaimer
 

DHL нуди нешто повеќе од само работно место

Доживејте го духот на работењето во DHL.

Растете со новите предизвици

Како водечка светска компанија за логистика, DHL нуди широк спектар на интересни работни предизвици и можности во нашите различни работни оддели ширум светот.

Ние континуирано ве поттикнуваме да ги проширите хоризонтите и да го остварите вашиот потенцијал преку широк и разновиден спектар на едукативни и развојни можности.

На mylearningworld.net, нашиот онлајн едукативен портал, можете да ги користите погодностите од еден широк спектар на програми за професионален развој кои опфаќаат часови за странски јазици, обука за вештините за социјална компетенција, методи на менаџментот и други суштински теми.

Нашиот систем за менаџмент на постигнувањата ни помага да го препознаеме вашиот потенцијал, да ги евалуираме вашите постигнувања и континуирано да го планираме заедно со вас развојот на вашата кариера.

Сеедно дали учествувате во некоја од нашите апсолвентски програми или сте во некој од многуте наши курсеви преку е-учење, ние секогаш ќе ви овозможуваме да превземете одговорност и ќе го поттикнуваме вашиот растеж, како на личен така и на професионален план.


Направете нешто поинакво и значајно на глобално ниво

DHL гo оспособува секој вработен да превземе иницијатива, активно да се вклучи во различни тимови и да постигне високоефектни резултати за навистина да направи нешто поинакво и значајно.

Нашата програма First Choice, Прв избор, клучна компонента на нашата стратегија за растеж, има за цел да ги усовршува нашите перформанси на секое место со контакти со нашите корисници преку индивидуални придонеси и тимска работа. Годишната анкета за мислењето на вработените, Employee Opinion Survey (EOS), на нашите вработени им дава можност да се слушне и нивниот глас. Ние постапуваме според повратните информации кои тие ни ги соопштуваат што ни помага континуирано да се усовршуваме и да напредуваме како една компанија.


Бидете горди на нашето заедничко достигнување

Во DHL ќе бидете дел од силен тим што ги почитува своите вработени, општеството и животната средина. Ќе работите со луѓе од целиот свет и ќе добиете шанса да го доживеете единствениот интернационален дух на DHL.

Многумина од нашите вработени лично се ангажираат во широк спектар на иницијативи кои им се од полза на луѓето од разни заедници ширум светот.

Нашиот Тим за акција во катастрофи, Disaster Response Team (DRT), се активира во акции за спасување на животи во природни катастрофи. DHL исто така се стреми да послужи како пример за углед во глобалната борба против климатските промени. Нашиот сервис „Go Green” им овозможува на корисниците да ги намалaт емисиите на јаглероддиоксид произведени при транспортот низ одбрани проекти за редуцирање на јаглероддиоксидот.

Ние во DHL совесно ја поддржуваме и негуваме разноликоста со цел да создадеме инклузивна култура која ви овозможува да придонесете со најдоброто од вас. Преку разни програми и иницијативи за разноликоста, се стремиме ефикасно да ги внесеме и измешаме многуте таленти на нашите различни вработени во една победничка формула – не само за компанијата, туку исто така и за вас.

Како вработен на DHL, може да се гордеете секој ден на она што заеднички го достигнуваме.