Skip to content
Skip to service links: contact, tools, help, the group
Skip to search
Skip to main navigation
Skip to sub navigation
Skip to Footer with links to masthead, print, email a friend and disclaimer
 

Поедноставувајќи ја комплексноста на глобалната трговија

Како лидер во меѓународниот транспорт, со сеопфатните онлајн решенија, кои нудат лесна навигација низ процесите на глобалната трговија, DHL Ви помага да постигнете меѓународен успех.

Глобална трговија без граници

Бидејќи подлежат на чести промени, различните трговски прописи и побарувања во светот, создаваат комплексност и предизвици во транспортот. DHL автоматизираните услуги за трговија обезбедуваат детална и фокусирана достапност до критичните трговски информации. Од малите претпријатијата, кои само што го започнуваат својот бизнис, до големите мулти-национални компании, ДХЛ им овозможува лесно да се снајдат во меѓународните трговски процеси, како и да ја зголемат својата регулаторна усогласеност.
Со пристап до милиони трговски правила, DHL автоматизираните услуги за трговија Ви ги даваат потребните информации кои Ви обезбедуваат комплетирање на точна царинска документација; проценка на цена на местото на продавање; и ефикасен транзит на Вашата стока.
Придобивки од користење на DHL автоматизирани услуги за трговија:
  • Избегнување на царински задржувања заради неточни документи и лиценци
  • Спречување на испраќање пратки за забранети компании
  • Пристап до информации за царинење од еден единствен извор
  • Пристап до трговски проценки на трошоците пред да се испрати пратката
  • Брз пристап до барањата за оцаринување во соодветната земја
  • Насочени и автоматизирани трговски процеси за контрола на трошоците
  • Носете подобри одлуки за започнување на трговијата и продажба на Вашите стоки
  • Фокусирајте се на основните надлежности на Вашата компанија
Најбрз начин да започнете

Пристап до целиот спектар на DHL автоматизирани услуги за трговија, преку бесплатен интернет пребарувач, достапен од било кој компјутер. Само се регистрирате како нов корисник, креирате Ваше корисничко име и лозинка и се наоѓате на вистинскиот пат.

DHL автоматизирани услуги за трговија е исто така дел од нашиот пакет на XML услуги. Ако сте испраќач со голем обем на пратки можеби ќе бидете заинтересирани за негово интегрирање во во Вашите постоечки ИТ системи. За повеќе информации и опции за интеграција, Ве молиме контактирајте со Вашиот DHL трговски претставник.