Дополнително на стандардните одговорности на DHL Express, ние овозможуваме финансиска заштита на нашите клиенти од сите ризици на физичка загуба или оштетување на пратката, од било која надворешна причина.
Осигурување на пратката
Преглед
Осигурување на пратката може да се обезбеди и за експресните документи и за пакетите, иако се можни одредени ограничувања и исклучоци. Сето ова зависи од дестинацијата и содржината на пратката.
Осигурување на ДХЛ пратките обезбедено од АИГ е во согласност со општите барања за загубени и оштетени добра кои транзитираат. Осигурувањето е ефективно од моментот кога ДХЛ има контрола и ја поседува пратката се до моментот на нејзината достава. Надоместокот се однесува на физичка загуба или оштетена пратка, која спаѓа во специфични ограничувања и исклучоци.
Ограничувања и исклучоци
Осигурувањето се однесува на предмети кои транзитираат низ ДХЛ мрежата ширум светот, одредени ограничувања се можни од време на време како последица на политички, терористички, нуклеарни или воени ризици или по препорака од официјални владини претставници. Осигурувањето не се однесува на следното:
- Доцнење
- вообичаено истекување
- загуба во тежината или волуменот или абење на пратката;
- lзагуба, штета или трошок настанати од недоволно или несоодветно пакување или подготовка на пратката;
- lзагуба, штета или трошок предизвикани од постоечка грешка на пратката или од самата природа на пратката;
- загуба, штета или трошок настанати поради несоодветно ракување со пратката од страна на клиентот или неговите агенти;
- загуби, штети или трошоци предизвикани од доцнење;
- загуби, штети и трошоци предизвикани од употреба на атомско или нуклеарно оружје или радиоактивност.
Основа за надомест на Загуба
- Надоместот е лимитиран во зависност од вредноста декларирана од Ваша страна, трошоците за замена, вредноста на фактурата или од реалната вредност, односно онаа која е најниска. Доказ може да биде побаран за да се поткрепи декларираната вредност во случај на рекламација/жалба
- Во случај на целосна загуба на пратката, со Осигурувањето, исто така ќе бидете назначени за рефундирање на трошоците за транспорт. Во случај на делумна загуба ќе бидете назначени за рефундирање на соодветен дел од трошоците за транспорт.
- Кога повеќе од една пратка покриена со Осигурувањето е предмет на загуба или оштетување настаната од една ситуација, максималниот вкупен износ за исплата за сите такви пратки е лимитиран на 10 милиони евра.
Како да направите рекламација?
Доколку сакате да направите рекламација, што побргу треба да го известите ДХЛ Експрес- Службата за односи со корисници, не подоцна од 30 дена од извршената или закажаната испорака.