Водич при испраќање на опасни материи
DHL Express има значајно искуство во транспортот на дозволени опасни материи. Научете повеќе за условите и регулативите, за да се осигурате дека вашите пратки се целосно согласни со нив.
Испраќање на опасни материи
DHL е лиценциран превозник на опасни материи и како водечка транспортна и логистичка компанија, DHL Express се придржува кон следните регулативи:
- IATA за воздушен транспорт, кој се применува во сите земји кои работат под ICAO регулативите и било која воздухопловна компанија која работи по IATA регулативите.
- ADR за патен транспорт, применлив во сите земји кои ја имаат прифатено ADR конвенцијата во нивните легислативи и, дополнително во Европа, EU директивите во врска со транспортот на опасни материи (Советник за безбедност во врска со опасните материи)
