Додаток за авионско гориво
Промените во цената на горивото резултираат со промена во севкупните трошоци во транспортната индустрија, што доведе до потреба за постоење на променлива т.н. "додаток за авионско гориво", којa во зависност од движењето на цените на горивото, може да се зголемува, намалува или да биде отстранета.
Додатокот за гориво за меѓународните пратки испратени со услугите за Временски одредена достава ќе се заснова врз цената на USGC
керозински тип на авионско гориво (изведена според извештајот од Министерството за Енергетика на САД).
керозински тип на авионско гориво (изведена според извештајот од Министерството за Енергетика на САД).Применувањето на индексот ќе има задоцнување од два месеци. На пример, просечната месечна цена на горивото во Јануари се користи за да се одреди додатокот за авионско гориво за Март. Ова се должи на датумот на објавување на податоците на светската берза.
Доплатата за гориво се пресметува на цените за сите транспортни услуги како и на следниве додатни услуги (таму каде што е применливо):
- Нестандарден ден (за преземање или достава)
- Услуга на преземање или достава од/до оддалечена област
- Нестандардно преземање
- Повторен обид за достава
- Нестандардна достава
- Пратка со надстандардна тежина
- Пратка со надстандардни димензии
ДХЛ Експрес го задржува правото да го промени индексот на додатокот за авионско гориво и ценовникот со или без известување. Сумата и времетраењето на примена на додатокот за авионско гориво ќе бидат определени исклучиво од страна на ДХЛ.