Skip to content
Skip to service links: contact, tools, help, the group
Skip to search
Skip to main navigation
Skip to sub navigation
Skip to Footer with links to masthead, print, email a friend and disclaimer
 

Испраќање на стоки со или кои содржат Литиумски Батерии

Почнувајќи од 1ви Април, 2016, на сила стапија построги прописи од страна на Меѓународното Здружение за Воздушен Транспорт (IATA) за транспорт на литиумски батерии кои се спакувани и се испраќаат посебно/заедно (UN3480/PI965).
Широк спектар на електронски стоки напојувани со литиумски батерии се погодени од новите регулативи, без оглед на тоа дали тие се на полнење (литиум- јон) или не-полнење (литиум-метал). Регулативите се применуваат кога:
  • литиумските батерии се пакуваат и се испраќаат како одделни ставки. На пример: Посебно спакувани литиумски батерии/полначи
  • литиумските батерии се спакувани одделно, но се транспортираат со опрема во иста кутија. Пример: мобилен телефон со заменлива литиумска батерија
  • литиумски батерии кои се содржани или се инсталирани во опрема и затоа се испраќаат во иста кутија. Пример: Пренослив компјутер-таблет, со интегрирана литиумска батерија во рамките на уред кој не може да се отстрани или замени од страна на корисникот
Поради зголемената безбедносна политика покрената од страна на авионската индустрија, IATA регулативите, со кои се регулира транспортот на литиумските батерии, се заострени и заради тоа авиокомпаниите треба построго да ги спроведуваат истите.
Ве молиме имајте предвид дека безбедниот воздушен транспорт на вакви содржини и целосната согласност со IATA регулативите, е правна одговорност на испраќачот. Со оглед на овој факт, IATA има произведено водич кој ќе им помогне на испраќачите да ги разберат и да работат во согласност со регулативите.

Секое лице, компанија или лице идентификувано како испраќач на товарниот лист на DHL Express пратка, е законски обврзан да обезбеди 100% согласност со ревидираните IATA регулативи. Оваа обврска важи дури и во случај ако пратката содржи литиумски батерии кои всушност не припаѓаат, односно не се произведени, од страна на лицето, компанијата или ентитетот идентификувани на товарниот лист.
За да се избегнат какви било несакани последици, Ве молиме алармирајте го DHL Express секогаш кога планирате да испратите пратка која содржи литиумски батерии. На нашиот тим од експерти ќе им биде задоволство да Ве водат низ најновите IATA регулативи за транспорт на опасни материи.
Почитувајќи ја одлуката на IATA/ICAO за да се забрани транспортот на Литиумски метални батерии со патнички авион од Јануари 2015, ДХЛ Експрес исто така, не е во можност да прифати транспорт на овие батерии во рамките на својата мрежа. Регулативите на IATA /ICAO се однесуваат на лесно спакуваните Литиумските метални батерии кои се споменуваат во секција II, PI-968, додека Литиумските метални батерии спакувани со опрема (PI-969) или се содржани во опрема (PI-970) се прифатливи за транспорт како и до сега. Нема промени во регулативите за транспорт на Литиумски јонски батерии.

За PI-967 и PI-970 има ограничување на максимум 2 пакети од пратка (секој да содржи максимум 4 ќелии или 2 батерии вградени во уредот).

Доколку пратката надминува 2 пакети, се применува упатството на етикетата за ракување на литиумски батерии (и последователните барања).

Ова ограничување на 2 пакети по пратка стапува на сила од 1ви Јануари 2017, до тогаш прописите предвидуваат 12 месечен преоден период,но сепак препорачливо е испраќачите да го применат што е можно поскоро.

Следејќи ги промените на ICAO/IATA со важност од 1ви Април, PI-965 е забранет за патнички авион. Поради ова, ние нудиме ограничена услуга до одредени дестинации. За PI-965 Дел II потребна е посебна авторизирана сметка. За дополнителни информации, Ве молиме контактирајте локален претставник на ДХЛ. Литиумските ионски батерии кои се спакувани со уредот (PI-966) или се вградени во уредот (PI-967) се прифатливи за транспорт.

Важно!

 Литиумските Батерии за кои се знае или постои сомнеж дека се неисправни или оштетени претставуваат голем ризик за безбедноста на вработените и околината, и не се дозволени во авионот под никакви околности.
Кога се знае или постои сомнеж дека неисправна или оштетена Литиумска Батерија е затворена во рамките на лаптоп, мобилен телефон или друг уред, батеријата мора да биде отстранета пред пратката да биде преземена од страна на ДХЛ.