Надоместок за нестандардни услуги
ДХЛ Експрес е посветен кон обезбедување на најдобриот сервис за испорака на своите клиенти, што претставува и причина за ДХЛ Експрес да покрива поголем дел од светот од која било друга компанија.
Со цел да го одржи континуираното ниво на услуга, ДХЛ Експрес во дадени услови воведува дополнителен трошок за нестандардни услуги. ДХЛ Експрес континуирано ги ревидира овие надоместоци во споредба со променливите трошоци кои се јавуваат при нудење на нестандардни услуги, за кои се трудиме да бидат фер и разумни за нашите клиенти.
Следниве доплати се применливи за меѓународни пратки:
| Опис | Надоместок (EUR) |
|---|---|
| Преземање од област која не е сервисирана од DHL | 20 ЕUR или 0.30 ЕUR/кило или повеќе |
| Опасни материи во прифатливи количини | 30 EUR |
| Колето со надстандардна тежина | 20 EUR |
| Колето со надстандардни димензии | 20 EUR |
