Општи услови: Испраќање преку DHL Express
Нашите стандардни општи услови на превоз за експресни пратки.
ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ТРАНСПОРТ (“ПРАВИЛА И УСЛОВИ”)
ВАЖНА НАПОМЕНА
Кога нарачувате услуги од ДХЛ, Вие, како „Испраќач“, во Ваше име и во име на било кое друго лице, чиј интерес е поврзан со пратката, давате согласност дека ДХЛ Правилата и Условите ќе се применуваат од моментот кога ДХЛ ќе ја преземе Пратката, освен ако не е поинаку договорено на писмено со овластено лице на ДХЛ.
Поимот „Пратка“ опфаќа документи или пакети кои патуваат под еден товарен лист и кои можат да бидат транспортирани со било какво превозно средство по избор на ДХЛ, вклучувајќи воздушен, копнен или било кој друг вид на превоз. Под „товарен лист“ ќе се подразбира било каква ознака произведена од автоматизираниот ДХЛ систем, рачно пополнет товарен лист, или дознака на пратката и истиот ќе ги содржи овие Правила и Услови. Секоја Пратка ќе биде транспортирана врз основа на ограничена одговорност на начин предвиден во понатамошниот текст. Доколку Испраќачот бара поголема заштита, тогаш може да му биде организирано осигурување на дополнителен трошок. (Ве молиме погледнете подолу за повеќе информации). Под „ДХЛ“ се подразбира било која членка на ДХЛ Екпрес Мрежата (DHL Express Network).
Јануари 1, 2011
ПРАВИЛА И УСЛОВИ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА ГАРАНЦИЈАТА ЗА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА
ВАЖНА НАПОМЕНА
На барање на клиентот и имајќи ги предвид ограничувањата опишани подолу во овој текст, ДХЛ ќе му обезбеди кредит или рефундирање на трошоците за транспорт платени од клиентот за ДХЛ ЕКСПРЕС пратка, која ќе биде доставена подоцна од заложбите за достава наведени од ДХЛ
Јануари 1, 2011
За повеќе информации ве молиме обратете се во вашата локална Служба
за грижа на корисници на ДХЛ ЕКСПРЕС