Следниве производи се исклучени од барањата на Претходното Исвестување:a) Месни производи, производи од пилешко и производи од јајце, кои се предмет на ексклузивна надлежност на U.S. Department of Agriculture (USDA) и кои се во согласност со правилата и регулативите на USDA
b) Храна која е направена од индивидуа, во неговота/нејзинота лично живеалиште и пратена од таа инвидуа како личен подарок (на пример од неделовни причини) на друга индивидуа во САД. FDA од неодамна ја прошири листата на исклучоци (или овластена применлива дискреција) да ги вклучи сите лични пратки со храна. Овие се пратки кои се пратени од лице на лице за некомерцијални цели.
Исклучоците вклучуваат:
- Храна од домашни производи, вклучувајќи ги воените, цивилни, владини и дипломатски трансфери
- Храна која е набавена од патник и испратена по пошта или испратена до адресата на превозникот во САД , од страна на превозникот
- Поклони набавени од комерцијална установа, и испратена од страна на набавувачот, а не од комерцијалната установа.
- Храна која се наоѓа во дипломатски торби
Забелешка: Ова не ги вклучува пратките испратени од трговец на мало или дистрибутер на индивидуа. За таквите пратки нема потреба од претходно известување (Види исто така "Gift Baskets" [корпа со подароци] подолу)
c) Примероци од храна кои не се за консумација, со вредност под 200 долари, исто така се исклучени од потребите за Претходно Известување. Овде се вклучени пратки кои се јасно идентификувани како примероци предодредени за производители на храна или лабаратории за тестирање, но не вклучува пратки кон продавачи на мало или индивидуалци.
FDA има исклучително овластување да го одреди доменот на производи кои се сметаат за храна. Понатамошни детали се наоѓаат на интернет
страната на FDA
.