Skip to content
Skip to service links: contact, tools, help, the group
Skip to search
Skip to main navigation
Skip to sub navigation
Skip to Footer with links to masthead, print, email a friend and disclaimer
 

Правни одредби

Општи услови на интернет страната на DHL и изјава за обврската на DHL за приватност на корисниците на неговите интернет страни.

Општи услови на интернет страната на DHL

На оваа страна, ќе најдете стандардна верзија на Општите услови за интернет страната на DHL. Ве молиме имајте во предвид дека различни општи услови може да се применуваат во одредени земји.

Општите услови кои се во корист на интернет страната на DHL се како што следи:

Авторски права

Авторските права на ова издание се во сопственост на DHL International GmbH.

Овластување за размножување

Секое лице може да размножува било каков вид на материјал на овие интернет страници кои се предмет на следните услови:

  • Материјалот може да биде користен за информации и само за не-комерцијални цели
  • Не смее да биде менуван на никаков начин
  • Никаква неовластена копија не смее да биде направена со било кој заштитен знак на DHL
  • Било која копија од било кој вид на материјал мора да ја содржи следната забечешка за авторско право

Заштитни знаци на DHL

‘DHL’, ‘DHL Worldwide Express’, ‘DHL Express’, ‘DHL Parcel’, ‘DHL eCommerce’, ‘DHL Freight’, ‘DHL Supply Chain’, ‘DHL Global Forwarding’, ‘DHL Europlus’, ‘Jumbo Box’, ‘DHL Economy Select’, ‘DHLJetline’, ‘DHL Sprintline’, ‘DHL Secureline’, ‘DHL Express Easy’, ‘DHL Easy Shop’ , ‘DHL Connect’, ‘EasyShip’ се заштитни знаци на Deutsche Post DHL или било која друга компанија во групацијата DHL, регистрирани во најмалку една правна надлежност. Никаква дозвола на користење на овие заштитни знаци не се дава ниту применува. Овие заштитни знаци не може да бидат копирани, превземени, размножувани, користени, менувани или дистибуирани на било каков начин, (освен како интегриран дел на овластена копија на материјал кој се појавува на овие интернет страни, како што е образложено во претходниот параграф) без претходна писмена дозвола.

Останати заштитни знаци и трговски имиња

Сите останати заштитни знаци и трговски имиња кои се опишани во овие материјали се во сопственост на нивните соодветни сопственици.

Вашите коментари

DHL го сака вашиот повратен одговор и ги цени вашите идеи и сугестии, но не е во можност да го оговори секој коментар индивидуално. DHL слободно ќе користи и ќе делува на било која информација која ќе ја поднесете.

Користење на интерактивни карактеристики на оваа страница

За ваше олеснување, DHL може да обезбеди интерактивни карактеристики на оваа страна, како на пример пристап кон лоцирање и коментари на корисниците. Ќе бидете овластени да ги користите овие карактеристики исклучиво за специфицираните цели и за никакви други цели.

Точност на страната

Овие интернет страни може да содржат ненамерни неточности и печатни грешки. Овие ќе бидат корегирани со дискреција на DHL од кога ќе бидат пронајдени. Информациите на овие интернет страници се ажурираат регуларно, но неточности може да останат или да настанат онаму каде што ќе настанат и промени помеѓу ажурирањата. Интернетот е одржуван индивидуално на многубројни страни низ светот, и некои информации до кои се пристапува преку овие интернет страни може да потекнуваат надвор од DHL. DHL исклучува било каква обврска или одговорност од ваквите содржини.

Вируси

DHL ги прави сите рационални обиди да отстрани било какви вируси од овие интернет страни, но не може да осигура вакво отстранување и никаква обврска нема да прифати за вирустите. Ве молиме земете ги сите соодветни заштити пред да почнете да превземате информации од овие интренет страни.

Оспорување на гаранции

Услугите, содржината и информациите на оваа интернет страна се дадени на основа "како што се". DHL, до најголем степен дозволено со закон, ги оспорува сите гаранции, било тоа да се експресни, имплицирни, законити или било какви поинакви, вклучувајќи ги имплицираните гаранции за продажба, но не е и ограничен на нив, не-прекршувањето на правата на трета страна, и способноста за поединечни цели. DHL, неговите партнери и даватели на дозвола не застапуваат ниту даваат некакви гаранции за точноста, комплетираноста, сигурноста или навременоста на услугите, содржината или дадените информации на или преку системот или интернет страната на DHL. Ниту една информација добиена преку системот или интернет страната на DHL, не може да креира никаква гаранција која не е јасно специфицирана од страна на DHL во овие општи услови.

Некои законодавства не дозволуваат ограничување на имплицирани гаранции, така што ограничувањето или исклучоците во овој дел може да не се применливи за вас. До колку работите како потрошувач, овие провизии не влијаат на вашите законски права кои неможе да бидат одрекнати, до колку ги има. Вие се согласувате и прифаќате дека ограничувањата или исклучоци на одговорност и гаранции дадени во овие општи услови се фер и прифатливи.

Ограничување на одговорноста

До степенот до кој што е дозволено со закон, во никој случај DHL, неговите партнери или даватели на лиценца или било која друга трета страна кои се споменати на интернет страната на DHL, нема да бидат одговорни за било какви инцидентни, индиректни, примерни, казниви и консеквентни оштети, губитоци на профит, или оштети кои се резултат на изгубени податоци или прекини во тргувањето, кои резултираат од користењето или неможноста да се користи интернет страната на DHL и системот на DHL, услугите, содржината или информација, било да е базирана на гаранција, договор, прекршок, престап, или било која друга законска претпоставка, и дали DHL е известен или не за можноста од ваквите оштети. Без да се ограничи гореспоменатото, до степенот на дозволено со применливите закони, вие се согласувате дека во никој случај вкупната обврска на DHL за било какви оштети (директни или било какви останати) или губиток, без разлика на формата на акција или рекламација, било да е тоа во договор, прекршок или нешто друго) нема да може да надмине 100.00 EUR. До степенот до кој што е дозволено со закон, средствата кои се назначени за вас во овие општи услови се ексклузивни и се ограничени кон оние кои се јасно предвидени во овие општи услови.

Производи и услуги

Освен ако не е на друг начин писмено договорено, транспортните производи и услуги кои се споменати на овие интернет страни се предмет на општите услови за транспорт на DHL. Со тоа што истите може да се разликуваат во зависност од локацијата на земјата на потекло на пратката, ве молиме контактирајте го најблискиот услужен центар на DHL за да добиете копија од локалните општи услови. Не сите од производите и услугите на DHL се достапни во секоја земја.

Разоткривање на информации

Сите информации кои се дадени на DHL од страна на посетители на овие интернет страници се земаат како доверливи и нема да бидат откриени од страна на DHL или било која трета страна, освен кога е тоа барано заради провизијата на услугите.

Изјава за приватност

DHL е обврзан да ја чува приватноста на корисниците на нашите интернет страници. Било која информација за вас која ја собираме се користи за да ги подобри нашите услуги кои ви ги нудиме на вас, и за да ја направи содржината и услугите на нашата интернет страница полесни за користење и повеќе соодветни за вас. Ние може да ја користиме оваа информација, со ваша дозвола, за да ве контактираме со информации за ажурирања на нашата интернет страна или за други маркетинг информации. DHL никогаш нема дадено на ниедна друга организација никакви информации кои се добиени на или од неговата интернет страница, и нема тоа ни да го направи во иднина, освен до колку е тоа побарано со закон. Ниту пак ќе продадеме информации добиени на оваа страна на било која друга страна или страни надворешни за DHL и неговите подружници.

Одредени области од ДХЛ интернет страната бараат регистрација или шифра за влез. Информациите кои при тоа се бараат од корисниците, можат да се искористат за ДХЛ маркетингшки цели. ДХЛ ви нуди право на влез и го приспособува користењето на личните информации според соодветната легислатива.

Одредени податоци за пратката ќе бидат дадени на надлежните органи на земјата на транзит или на царината на крајната дестинација и царинењето или за безбедносни испитувања, како што е барано од законите на земјата. Информациите кои ќе бидат дадени вообичаено вклучуваат: името и адресата на испраќачот,името и адресата на приемачот, опис на стоката, број на парчиња, тежина и вредност на пратката.

DHL го задржува правото да ја менува својата полиса за приватност во било кое време со и без претходно известување. Ве молиме проверувајте почесто за да бидете информирани за било какви измени. Со користењето на DHL.com вие се согласувате на оваа Полиса за Приватност.
Како дел од постојаната заложба на DHL за заштита на Вашата приватност кога сте приклучени онлајн, подготвивме Изјава за заштита на податоците со уште покорисни информации за Вас. Ве известуваме дека содржината е достапна само на англиски јазик.
Новата изјава ги содржи следните подетални информации:
  • Како DHL ги користи и ги чува Вашите онлајн лични податоци
  • Датотеките cookies што се поставени на интернет страните на DHL
  • Како да управувате со cookies и како да ги избришете
Изјавата ја подготвивме затоа што сакаме да се чувствувате сигурни во врска со Вашата приватност и безбедноста на Вашите лични податоци.
Ако сакате да дознаете повеќе, Ве молиме погледнете тука: