Skip to content
Skip to service links: contact, tools, help, the group
Skip to search
Skip to main navigation
Skip to sub navigation
Skip to Footer with links to masthead, print, email a friend and disclaimer
 

Свест за измама и спречување

Како лидер во меѓународната испорака, брендот DHL е познат во целиот свет. DHL има сериозен пристап кон заштита на клиентите и нивните чувствителни информации. Бидете свесни за потенцијалното измамничко однесување на злонамерни страни коишто го користат брендот DHL.

Измамничко користење на брендот DHL

Преку неовластено користење на името и брендот DHL, направени се обиди за измама на купувачите на интернет преку употреба на електронска комуникација и графички прикази, за коишто на прв поглед се чини дека се испратени од DHL.

Во повеќето случаи, комуникацијата се однесува на продажба на стоки за широка потрошувачка преку интернет, при што, се бара да се изврши плаќање пред испорака на стоките.

Имајте предвид дека DHL не бара плаќање на ваков начин. DHL врши наплата само на трошоци за испорака поврзани со DHL.

Ова известување за безбедност не влијае на обврската на примачот да ги плати трошоците за испорака, царина, ДДВ или слични трошоци, за коиштосе плаќа за време на испораката.

DHL не прифаќа никаква одговорност за какви било трошоци, издатоци или плаќања коишто настанале како резултат на измамничка активност.

Имајте предвид дека ако добиете е-пошта во којашто е наведено да го отворите прилогот на е-поштата за да измените испорака од DHL, оваа е-пошта е лажна, пакетот не постои, а прилогот може да претставува вирус.

Не отворајте го прилогот. Ваквата е-пошта со прилог не е испратена од DHL.

Ако се сомневате во интегритетот на интернет-страница којашто го користи брендот DHL, секогаш користете ја нашата глобална интернет-страница за да пристапите кон интернет-страниците на DHL.

Пријавете примање на измамничка или сомнителна е-пошта од DHL на службата за грижа за корисници на DHL.