Безбедност на товар
Како дел од напорите да се основа вистинска култура за безбедност, DHL беше првиот глобален шпедитер со интерен сектор за безбедност и една од првите компании која го доби Сертификатот од Партнерството против тероризам на царинскиот сектор (C-TPAT) од страна на Агенцијата за царина и заштита на границите на САД. Неколку од нашите програми добија C-TPAT акредитација за добро работење од страна на американските власти.
Ние се грижиме за безбедноста на товарот преку центар за известување за глобални инциденти и повеќе од 100 високо обезбедени локации, кое е повеќе од истите на целата шпедитерска и логистичка индустрија заедно. Секоја од овие профитира од брзата комуникација со локалните и меѓународните безбедносни власти. Исто така, користиме најмодерни методи за проценка на ризикот за да бидеме сигурни дека Вашиот имот е заштитен.
