Воздушен транспорт за природните науки
Услугата AIRFREIGHT PLUS PHARMA на DHL е ноќна услуга врата-до-врата достапна низ цела Европа, посебно развиена за потребите од транспорт до крајните дестинации на индустријата на природните науки. Доцното време на прием на пратката (cut-off time) (како и нашата интегрирана мрежа на синџири за снабдување) гарантираат минимално загубено време по патиштата во местото на потекло на пратката, при транзитот и на дестинацијата. ИТ системите за следење овозможуваат пратката да биде видлива и транспарентна цело време.
Главни карактеристики:
- Постојаното следење од експертите по природни науки претпоставува намален ризик
- Ноќна испорака до 12 часот напладне или за време на следниот работен ден за задоволување на Вашите потреби
- Наменското управување со Вашите пратки од страна на искусен персонал гарантира постојана грижа за стоките
- Простории со контролирана температура идеални за фармацевтски стоки
- Комплетната цена овозможува полесно планирање на трошоците
- Без ограничување на тежината и големината* на пратката
- Опасните стоки се транспортираат со највисока претпазливост
- Услуга врата-до-врата како додатна можност
Дополнителни услуги:
- 24 часовни услуги од контролна кула
