Транспорт на индустриски проекти
Целта на DHL е да биде партнер по избор за логистика на нафтените индустрии и индустриите за гас, рударството, енергетската генерација и градежните индустрии. Нашата стручност за распоредување на товар и управување со материјали значи дека ние можеме да понудиме прилагодени решенија за уникатни прекумерни и тешки товари .
Нашата специјалност покрива такви области како што се физибилити студиите и менаџмент со ризик, дизајн на пакување, управување со процесирањето на документи, се до сигурното транспортирање на тежок товар и товар со прекумерни димензии.
Услугите на DHL за транспорт на индустриски проекти овозможуваат специјално направени решенија за клиентите кои работат во индустрии како што се:
- Истражување и производство на нафта и гас
- Петрохемија
- Инжењерство и градежништво
- Енергетска индустрија
- Рударство
- Индустриски постројки
- Инфраструктурни проекти.
