Услуги за договорен товар
Услугите на DHL за договорен товар се идеални за транспорт на огромен товар кој е преголем за да го собере во контејнер. За карго како што се возила, делови од цевководи или турбини често се потребни специјални возила и опрема за товарење. Нашите специјализирани тимови се грижат Вашето карго да се најде во сигурни и безбедни раце преку обезбедување на решенија скроени за Вас.
Сите овие услуги се поддржани од софистицирани ИТ системи и системи за раководење со ризик, за да се обезбедат сигурни услуги и оптимизација на трошоците. Без разлика на степенот на логистичка сложеност која е потребна при транспортот на Вашиот товар, ние ќе ги надминеме Вашите барања со сите наши експертски услуги кои Ви се на располагање за цело време во текот на транспортот, сé до испораката.
