Полн контејнерски товар (FCL)
Преку нашиот централизиран систем за набавки, нудиме транспорт со првокласни превозници за да Ви обезбедиме највисок квалитет, доволно простор и оптимални цени за Вашиот FCL товар.
EDI системот на комуникација ни овозможува по електронски пат да правиме резервации и да даваме упатства за испраќањето до превозниците. На овој начин го поедноставуваме процесирањето на документацијата и обезбедуваме највисок степен на прецизност и ефикасност на информациите.
Сите наши услуги се зајакнати од страна на разновидни ИТ интернет решенија кои овозможуваат комплетна видливост на товарот во текот на транспортот, ажурирање на Вашите внатрешни ИТ системи и онаму каде што е потребно, известување на царинските власти и договорните страни за подробностите во врска со пратката.
