Полн и неполн камионски товар
DHL EUROLINE нуди редовен транспорт на неполн и полн камионски товар (со спектар на дополнителни услуги) низ Европа и пошироко, обезбедувајќи целосно покривање на домашно и меѓународно ниво. Со нашата флексибилност за испраќање и долгорочната соработка со специјализирани превозници, DHL EUROLINE раководи со редовен неполн и полн товар, сигурно и точно, во сите правци.
