Skip to content
Skip to service links: contact, tools, help, the group
Skip to search
Skip to main navigation
Skip to sub navigation
Skip to Footer with links to masthead, print, email a friend and disclaimer
 
10000 1000 1000 true
Sustainable Logistics

Како иновациите во бизнисот и Зелените Побарувања ја поттикнуваат Јаглерод-Ефикасната Индустрија

Симнете го истражувањето за одржлива логистика New Window

Зелени логистички решенија

Климатските промени се еден од најголемите предизвици со кои се соочува нашата генерација. Се повеќе претпоставените и потрошувачите очекуваат бизнисите да ги пресметаат, да ги очекуваат и да ги намалат нивните зрачења.

Известувањето за емисиите на гас кои предизвикуваат ефект на стаклена градина (GHG) е првиот чекор кон озеленување на вашата логистика.

DHL обезбедува два сервиси - Извештај за Јаглерод – и напредна Онлајн Јаглеродна Табла

Извештај за Јаглерод
  • Го мапира ослободувањето на јаглерод при вашиот транспорт во склоп на мрежата на ДХЛ
  • Може да биде правен на месечна, квартално или на годишна база
  • Калкулациите се однесуваат на „Стандардите за известување и калкулирање на емисиите кои предизвикуваат ефект на стаклена градина“
  • Калкулациите се однесуваат на EN 16258 „Методологијата на пресметување и известување за употребената енергија и ГХГ зрачењата при транспортните услуги“

Онлајн Јаглеродна Табла
Ги има сите подобности од Извештајот за Јаглерод, плус:
  • Мапирање на ослободувањето на јаглерод при целиот ваш транспортен ланец на достава – вклучувајќи ги и деловите кои ги работат трети лица.
  • Мапирање на ослободувањето на ниво на индивидуална пратка
  • Прилагодливи пристапи кон различни извештаи за јаглерод – дозволува поедноставени мерења со цел да би се подобрило ослободувањето на јаглерод
  • Способност да ја симулира и оцени количината на јаглерод
  • Помага при оптимализација на ланецот на достава и во донесување на стратешките одлуки

Во склоп на ланецот на достава има повеќе начини со кои се намалува ослободувањето на јаглерод.
  • Ние сме експерти во еколошки-ефективните логистички процеси
  • Работиме заедно со вас за да создадеме решенија кои вам ќе ви одговараат
  • Наша цел е подобрување на мерките на безбедност и да го минимилизираме влијанието на логистиката врз природата
Одредени области на можност вклучуваат:
  • Управување со транспортни средства и гориво
  • Оптимизација на возниот парк
  • Промена на моделот
  • Дизајн на мрежата
  • Недвижности кои зефикасно користат енергија

  • Целосно сертифициран систем за емитирање на гас кој создава ефект на стаклена градина преку придонеси за интернационално препознатливи проекти за заштита на климата
  • Потврда од авторизирани трети лица (SGS) за надоместување на зрачењето
  • Годишни сертификати за јавна употреба
Забележете дека сервисот неутрална клима е можен само во комбинација со напреден Извештај за Јаглерод

Растежот и ефикасноста во денешните бизниси треба да бидат избалансирани така да нема отпадоци, изворите да може да се обновуваат, прилагодливост кон климата и измерување на перформансите на животната средина.

Решенијата на ДХЛ за животната средина нудат спектар на решенија, вклучувајќи:
  • Управување со отпадот: Глобални решенија за собирање и рециклирање на вашиот отпад, со цел трошоците да се претворат во добивка и да ги постигнете вашите „нула отпад“ цели
  • Продолжена одговорност на производителите: Собирање податоци, рециклирање, и обезбедување на докази за да се задоволат комплексните законски барања, овозможувајќи ви да се фокусирате на вашата основна дејност
  • Водечки партнер во животната средина: Нашите консултантски услуги и програми за поддршка се прошируваат низ целиот ваш синџир на снабдување, од ангажирање на вработените до дизајнирање на сеопфатната мрежа, за да ви помогнеме да ги задоволите целите од животната средина за вашите пратки.