Област во една земја (пристаниште, аеродром, складиште или било која назначена област) која се смета за надвор од царинската територија.
Поради тоа увозниците можат да носат стоки од странско потекло во таквите области без да плаќаат царина и даноци. Ова секогаш е во очекување на евентуално процесирање, транс-испораки или ре-експорт.
Слободните царински зони биле некогаш многубројни и просперитетни кога тарифите биле повисоки многу години наназад. Некои сеуште постојат во главните градови, транспортните вкрстувања и главните пристаништа, но нивниот број и значајност се намалија со намалувањето на тарифите во последните години.
Слободните царински зони исто така можат да се наречат " слободни царински пристаништа", "слободни трговски зони", и "странски слободни трговски зони".