Меморандум на компанијата
Користете го официјалниот меморандум на компанијата
Инкотермс 2010 правила
Инкотермите се заштитен знак на Меѓународната Трговска Комора. Инкотермс правилата се глобално прифатен договорен стандард и се употребува низ целиот свет во меѓународни и национални договори за продажба.
Име и адреса на испраќачот
Испечатете го вашето (или на компанијата) целосно име и адреса, вклучувајќи го поштенскиот број и телефон, број на факс или телефакс, и ЕДБ (единствен даночен број).
Адреса на примачот
Комплетни целосни детали за примателот на пратката. Ве молиме бидете сигурни дека ги имате внесено целосната адреса и телефон, броевите на факс и телефакс за испораката.
Бројот на авионскиот товарен лист (AWB)
Испечатете го бројот на товарниот лист за оваа пратка.
Детали за пратката
Внесете го бројот на парчиња, бруто големината и нето големината на пратката.
Превозник
Внесете го DHL како превозник
Целосен опис на стоките
Внесете целосен опис за секој предмет во пратката. Информациите кои ќе ги дадете мора да бидат точни.
Царински код на призводите
Внесете го царинскиот код на производите за секој предмет. Имајте во предвид дека првите шест броеви на кодот се стандардни глобално, додека останатите броеви се специфицни за секоја земја.
Земја на потекло
Внесете ја земјата на потекло за секој предмет.
Количина
Внесете ја количината за секој предмет.
Единица вредност и валута
Назначете ја вредноста ( и валутата) за секој предмет
Суб- тотал и валута
Внесете суб-тотал (и валута) за секој предмет
Вкупна вредност и валута
Внесете вкупна вредност (и валута) за пратката
Причина за извоз
Внесете ја причината за извоз.
Декларација
Комлетирајте ја декларацијата со вашето име, датум и ваш потпис.
Вид на фактура
Назначете дали ова е профактура или комерцијална фактура