Секој увозник и извозник во Кина, задолжително е да се регистрира кај Царинските власти за увозна или извозна царинска регистарска шифра (CR Code), или да соработува со посредник кој поседува CR Code и е овластен да биде извозник или увозник на хартија, за нивната стока. Царинската регистарска шифра (CR Code), мора да биде назначена на царинската декларација на секоја пратка, со исклучок на пратки документи и лични работи.
Ве молиме да ја пренесете ургентноста на овие побарувања (како за шифрите од хармонизираниот систем- HS Codes, така и за царинските регистарски шифри - CR Codes), на Вашите бизнис партнери во Кина, за да се избегне можното задржување на увозно/извозните пратки од страна на Царинските власти, додека оваа информација не стане полесно достапна.