Skip to content
Skip to service links: contact, tools, help, the group
Skip to search
Skip to main navigation
Skip to sub navigation
Skip to Footer with links to masthead, print, email a friend and disclaimer
 

Водич за царински давачки и Данок за примачи на пратки

Прочитајте повеќе за основите на царинските давачки и данок да дознаете кој плаќа и зошто.
Купена Стока Онлајн за Лична Употреба

Царински давачки и данок можат да бидат пресметани за нешто што сте купиле онлајн бидејќи:
  • Царинските давачки и данокот најчесто не се вклучени во цената за стоката која сте ја купиле преку интернет, и може да не се пресметаат во целосниот трошок за транспорт кој го плаќате према онлајн продавачот.
  • Кога купувате стока преку интернет, некои или сите од овие стоки може да не се со потекло од земјата во која живеете, па затоа истите се предмет на царински давачки, што претставува тарифа или данок пресметан на стока која се транспортира преку меѓународните граници.
  • Кога стоката не се испраќа во рамките на Вашата земја или во рамките на една царинска унија како што е Европската Унија. Вие сте обврзани да платите увозни царински давачки и данок кои Вашиот локален Царински Орган смета дека се соодветни.
  • За да се осигурате дека Вашиот ДХЛ курир ке ги транспортира Вашите пратки во најкраток можен рок откако истите ке влезат на дестинација или во царински склад, ДХЛ Експрес плаќа царински давачки во Ваше име на царинските власти за Вашата пратка.
  • Штом давачките и даноците се платени во целост кон ДХЛ, стоката ќе Ви биде доставена
  • Трошоците за плаќање, доколку постојат, зависат од каде е стоката пратена, типот на стоката, нивната трансакциска вредност и тежината на пакетот
Кога купувате стока преку интернет,потребно е секогаш да проверите дали стоката е испратена до Вашата адреса од:
  • Вашата земја
  • Друга земја
  • Земја надвор од Вашата Царинска Унија
Забелешка: Различни правила се применуваат при купување на стока за комерцијална употреба.