Кога купувате стока преку интернет сајтови, бидете информирани дека некои, или сите од овие стоки, не можат да потекнуваат од Вашата земја. Кога стоката не се испраќа во рамките на една земја или во рамките на една царинска унија, Вие сте должни да платите увозни давачки и даноци, за кои Вашите локални царински власти сметаат дека се соодветни. Секако дека овие увозни царински давачки и даноци не се вклучени во цената на стоките кои ги купувате на интернет.
DHL , во Ваше име, им плаќа на царинските власти било какви давачки и даноци за увоз на Вашата стока во земјата. Овој едноставен процес гарантира дека нашите курири можат да ја достават Вашата пратка во најкратко можно транзитно време. Ве молиме имајте во предвид дека ние Ви ја доставуваме пратката откако од Ваша страна ќе биде направена целосна отплата на какви било давачки и даноци кои DHL ги платил во Ваше име.