Додаток за авионско гориво
Промените во цената на горивото резултираат со промена во севкупните трошоци во транспортната индустрија, што доведе до потреба за постоење на променлива т.н. "додаток за авионско гориво", којa во зависност од движењето на цените на горивото, може да се зголемува, намалува или да биде отстранета.
Додатокот за гориво за меѓународните пратки испратени со услугите за Временски одредена достава ќе се заснова врз цената на USGC
керозински тип на авионско гориво (изведена според извештајот од Министерството за Енергетика на САД).

Применувањето на индексот ќе има задоцнување од два месеци. На пример, просечната месечна цена на горивото во Јануари се користи за да се одреди додатокот за авионско гориво за Март. Ова се должи на датумот на објавување на податоците на светската берза.
ДХЛ Експрес го задржува правото да го промени индексот на додатокот за авионско гориво и ценовникот со или без известување. Сумата и времетраењето на примена на додатокот за авионско гориво ќе бидат определени исклучиво од страна на ДХЛ.