Skip to content
Skip to service links: contact, tools, help, the group
Skip to search
Skip to main navigation
Skip to sub navigation
Skip to Footer with links to masthead, print, email a friend and disclaimer
 

Совети Пакување

Пакетите може да патуваат илјадници километри низ софистицираната глобална мрежа на ДХЛ за да стигнат до нивната дестинација, ДХЛ прави се што може да обезбеди пратките секогаш да бидат доставени на време и во одлична состојба.
Пакувањето на Вашите пакети со соодветни материјали и грижа помага пратките да пристигнат безбедно и неоштетени.

Што е најдобро за она што го испраќате?

Квалитетното пакување е клучно за превенција од оштетување. Проценување на Вашите потреби за пакување е важен чекор за одредување на она што е најдобро за типот на пратка што сакате да го транспортирате.

Клучни фактори за пакување вклучува:
express_packaging_packing_considerations_480x155

Пакувањето ја штити Вашата пратка

Високо квалитетно пакување е важно за заштита на Вашата пратка за време на транспортот. ДХЛ обезбедува низа на материјали за пакување кои се испробани и проверени. Но доколку, сакате да користите сопствени материјали подолу следете ги општите инструкции.
Материјал
  • Секогаш користете високо квалитетни ребрасти картонски кутии за пакети. За кршливи или тешки предмети се препорачува двоѕидни или триѕидни конструкции.
  • Одбегнете повторна употреба на стари кутии кои како такви може да ја изгубат својата цврстина.
Цврстина
  • Внимавајте на етикетата од производителот каде се наведени информации за типот на конструкција и цврстина на кутијата. Побарајте повеќе информации од добавувачот на кутиите.
  • Погледнете ги спецификациите на кутијата за да изберете соодветно пакување според тежината на Вашата пратка.
Големина
  • Ненаполнетите кутии може да паднат и преполнетите кутии може да пукнат. За да се спречи оваа појава одбрете кутија со соодветна големина за содржината која се испраќа.

Примена на техники за пакување

Еве неколку важни принципи за пакување применливи за пакување на содржината на Вашата пратка.
express_packaging_pack1_193x138

Не оставајте празен простор

Важно е целосно да се пополни празниот простор во кутијата за да се избегне движење на содржината за време на транспортот што може да доведе до ошетување на пратката и кутијата.

6цм оддалеченост

Секогаш ставајте ги предметите во центарот на кутијата со најмалку 6 цм разделеност од сите надворешни страни или агли.
express_packaging_pack2_155x128

express_packaging_pack3_193x138

Завиткајте ги предметите поединечно и употребете прегради

Кога испраќате повеќе предмети во една кутија, секогаш завиткајте ги предметите поединечно и разделете ги со ребрасти делови или друг соодветен материјал за поделба.

Заштитете го пакетот со добра леплива лента

Лепливата лента која ќе ја одберете и како ќе ја залепите пратката заедно прави разлика во заштитувањето на содржината на Вашата пратка од изложеност на оштетување за време на транспортот.

Користете ленти кои се чувствителни на притисок

  • Полипропилен лента (кафена пластична лента)
  • Винил леплива лента
  • Фибер-армирана хартија лента (салотејп)

Одбегнете употреба на

  • Крафт Хартиена Лента
  • Целофанска Лента
  • Коноп

H-Поставување на лента

Уверете се дека сите рабови се залепени со употреба на методот H-поставување на лента:
  • Нанесете на 1 лентичка од траката по должина на споевите во центар
  • Нанесете 2 лентички од траката на двата агли
express_packaging_seal1_193x138

Примена на етикета на пратката

Прикажување на етикетата на пратката е важно да се обезбеди дека Вашата пратка ќе се движи брзо низ мрежата на ДХЛ Експрес.
express_packaging_label_193x276

Етикета на Пратка

Ставете ја етикетата на безбедно на горната површина на кутијата. Ова ќе помогне Вашата пратка да биде во исправена позиција колку е можно повеќе за време на транзитот.
 

Преземете го Водичот