Skip to content
Skip to service links: contact, tools, help, the group
Skip to search
Skip to main navigation
Skip to sub navigation
Skip to Footer with links to masthead, print, email a friend and disclaimer
 

Општи услови: Испраќање преку DHL Express

Нашите стандардни општи услови на превоз за експресни пратки.

ДХЛ ЕКСПРЕС ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ТРАНСПОРТ

ВАЖНА НАПОМЕНА

Кога нарачувате услуги од ДХЛ, Вие, како “Испраќач“, во Ваше име и во име на примачот на Пратката (“Примач“) и било кое друго лице, чиј интерес е поврзан со пратката, давате согласност дека ќе се применуваат ДХЛ Правилата и Условите.
Поимот “Пратка“ опфаќа документи или пакети кои патуваат под еден товарен лист и кои можат да бидат транспортирани со било какво превозно средство по избор на ДХЛ, вклучувајќи воздушен, копнен или било кој друг вид на превоз. Под “товарен лист“ ќе се подразбира било каква ознака произведена од ДХЛ или од автоматизираниот систем на Испраќачот, како што се етикети, баркодови товарни листови или белешки или нивна електронска верзија. Секоја Пратка ќе биде транспортирана врз основа на ограничена одговорност на начин предвиден во понатамошниот текст. Доколку Испраќачот бара поголема заштита, тогаш може да му биде организирано осигурување на дополнителен трошок. (Ве молиме погледнете подолу за повеќе информации). Под “ДХЛ“ се подразбира било која членка на ДХЛ Експрес Мрежата (DHL Express Network).

Октомври 1, 2016

УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА ДХЛ ЕКСПРЕС – ГАРАНЦИЈА ЗА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА

ВАЖНА НАПОМЕНА

На барање на клиентот и имајќи предвид ограничувањата опишани подолу во овој текст, ДХЛ ќе му обезбеди кредит или рефундирање на премијата платена од клиентот за ДХЛ Експрес пратка, која е доставена подоцна од наведената обврска за достава од ДХЛ

Валидно од 1ви Јули 2017

За повеќе информации ве молиме обратете се во вашата локална Службаобратете се во вашата локална Служба за грижа на корисници на ДХЛ ЕКСПРЕС