Skip to content
Skip to service links: contact, tools, help, the group
Skip to search
Skip to main navigation
Skip to sub navigation
Skip to Footer with links to masthead, print, email a friend and disclaimer
 

Испраќање на Литиумски Батерии

Поради зголемената загриженост за безбедноста покрената од страна на авионската индустрија, ICAO/IATA регулативите, со кои се регулира транспортот на литиумските батерии, се заострени и затоа авиокомпаниите треба да ги спроведуваат овие регулативи поригорозно.

Безбедниот воздушен транспорт на вакви содржини и целосната согласност со ICAO/IATA регулативите е правна одговорност на испраќачот. Со оглед на овој факт, IATA има издадено водич кој ќе им помогне на испраќачите да ги разберат и да работат во согласност со регулативите.

Пратки кои содржат литиумски батерии за кои е потребно знак за литиумска батерија или етикета за литиумска батерија потребно е да имаат авторизирана сметка за опасни материи.

Литиумски метални батерии спакувани во согласност со Секција II спакувани согласно инструкциите за пакување 968 (посебно спакувани литиумски метални батерии) се забранети во DHL Time Definite мрежата.

Литиумски ион батерии спакувани согласно инструкциите за пакување 965 се забранети во патнички авион, DHL Express нуди ограничена услуга.

Важно!

 Литиумските Батерии за кои се знае или постои сомнеж дека се неисправни или оштетени претставуваат голем ризик за безбедноста на вработените и околината, и не се дозволени во авионот под никакви околности.
Кога се знае или постои сомнеж дека неисправна или оштетена Литиумска Батерија е затворена во рамките на лаптоп, мобилен телефон или друг уред, батеријата мора да биде отстранета пред пратката да биде преземена од страна на ДХЛ.